АМБАСАДОРОТ НА ФРАНЦИЈА ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА БИТОЛА

АМБАСАДОРОТ НА ФРАНЦИЈА ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА БИТОЛА

Амбасадорот на Франција во Република Македонија, Н.Е. Господин Кристиан Тимоние, заедно со почесниот конзул на Франција во Битола, Калиопа Кривашија Стилиновиќ, денеска ја посетија Општина Битола, каде што имаа средба со градоначалникот на Општина Битола, д-р Владимир Талески.

На средбата се разговараше за повеќе актуелни прашања, меѓу кои и неопходноста од брза разрешница и надминување на политичката криза во земјата.

Покрај тоа, беа споменати и активностите кои во идниот период ќе се реализираат со поддршка од Франција, како и заедничките планови кои ќе ги реализираат збратимените градови, Битола и Епинал, по повод одбележувањето на 50 годишнината од збратимувањето – јубилеј кој ќе се одбележи идната година.