Барања за еднократна финансиска помош

Барања за еднократна финансиска помош

Врз основа на Одлуката за определување на критериуми за одредување на финансиска помош од Буџетот на Општината Битола, донесена од Советот на Општина Битола, може да се поднесат барања за еднократна финансиска помош до Комисијата за финансии и буџет при Советот, за една од следниве категории:
-физички лица-поединци – жители на Општина Битола кои постигнале врвни резултати во сите области на живеењето,
-физички лица за претрпени штети од елементарни непогоди,
-физички лица со висок степен на социјална и здравствена неповолна ситуација
-здруженија на граѓани и институции со проекти кои се во интерес на Општината, а кои се однесуваат на локален економски развој, образованието, културата, техниката, науката, здравството, спортот, екологијата и другите области.
Барањето се поднесува заедно со соодветната документација за областа во која се аплицира, со назнака ,,До Комисијата за финансии и Буџет при Советот на Општината Битола“.

Барања за превземање:
Барање за врвни резултати

Барање за претрпени штети

Барање за социјална помош

 

Контакт: 208-441, 208-358

e-mail: sovet@bitola.gov.mk