БИТ ФЕСТ: ВЕЧЕР НА ФРАНЦУСКА КЛАСИЧНА МУЗИКА

БИТ ФЕСТ: ВЕЧЕР НА ФРАНЦУСКА КЛАСИЧНА МУЗИКА

Sorry, this entry is only available in Macedonian. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in the alternative language. You may click the link to switch the active language.

Во Изложбениот салон на Завод, музеј и галерија Битола се бараше место повеќе за концертот на француска класична музика, на кој во саботата настапија Фредерик Легранд на виолончело, Марко Поп Ристов на виолина и Марија Вршкова на пијано.

Концертот, на едно место донесе двајца врвни светски музичари кои и се познати на битолската публика и кои потенкуваат од Битола, како и французинката Фредерик Легранд, која за прв пат настапи пред битолчани.

На програмата беа изведени дела од француски класични композитори и тоа трио сонатата за виолина, виолончело и пијано од  Jean Baptiste Loeillet, La bandoline за виолончело и пијано од F.Couperin, сонатата за виолина и пијано од F.Poulenc и за крај беше изведено триото за пијано, виолина и виолончело во Г дур од Debussy.

Публиката уживаше во настапот на тројцата уметници, кои ги награди со долготраен аплауз, по што следуваше и краток бис. Концертот беше реализиран во соработка со Француската амбасада во Македонија, Францускиот конзулат и Француската алијанса од Битола.