БИТ ФЕСТ: „ПАТУВАЊЕТО НА ЕДЕН ОБЛАК“ – ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА НА БАБЕЦ ТЕАТАР

БИТ ФЕСТ: „ПАТУВАЊЕТО НА ЕДЕН ОБЛАК“ – ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА НА БАБЕЦ ТЕАТАР

На Новата сцена во НУ Центар за култура, беше одиграна театарската претставата на Бабец театар, насловена „Патувањето на еден облак“. Автор на текстот е Роберто Фрабети од Италија, уметничкото оформување е на Јулијана Мирчевска, а актерската игра е на Соња Ошавкова и Веда Мавровска. Со оваа претстава која беше проследена од многубројна публика, започнува соработката на Бабец театарот со италијанскиот автор Роберто Фрабети, а претставата станува дел од новиот проект на Бабец театар „Театар од пелени“.