Граѓанско учество

Граѓанско учество

ОБЛИЦИ ЗА НЕПОСРЕДНО УЧЕСТВО НА ГРАЃАНИТЕ ВО ОДЛУЧУВАЊЕТО НА ОПШТИНАТА

 

1.     Граѓанска иницијатива

Член 78

Граѓаните имаат право да му предложат на Советот на

Општината да донесе одреден акт или да реши одредени прашања од својата надлежност.

Советот е должен во рок од 90 дена да расправа по иницијативата на граѓаните доколку таа е поддржана од најмалку 10% на избирачите во општината.

Поддршката од став 2 на овој член се обезбедува со потписи на граѓаните.

За решенијата по поднесената иницијатива Советот ги информира

граѓаните.

Граѓанска иницијатива не може да се поднесе за кадровски и финансиски

прашања.

 

2.     Собир на граѓаните

Член 79

Собир на граѓаните свикува Градоначалникот по своја иницијатива, на барање од Советот или на барање од најмалку 10% од избирачите на Општината, односно на месната самоуправа на која се однесува определено прашање.

Собирот на граѓани може да се свика за подрачјето од целата Општина или за подрачјето на месната самоуправа.

Градоначалникот е должен во рок од 30 дена да свика собир на граѓаните на барање од најмалку 10% од избирачите во Општината или месната самоуправа за која се однесува определеното прашање.

Барањето за свикување собир на граѓани со потписи на заинтересираните граѓани се поднесува до Градоначалникот.

Член 80

На собирот на граѓаните во одлучувањето учествуваат граѓаните кои имаат избирачко право.

Собирот на граѓаните го води Градоначалникот или лице овластено од него.

За прашањата за кои се расправа на собирот на граѓани известува Градоначалникот, а по потреба и други овластени претставници на општинската администрација.

Член 81

Заклучоците донесени на собирот на граѓаните, органите на Општината се

должни во рок од 90 дена да ги разгледаат и да ги земат предвид при одлучувањето и донесувањето мерки по прашањата на кои се однесуваат, како и да ги информираат граѓаните за своите одлуки.

 

3.     Референдум

Член 82

Референдум може да распише Советот на Општината

по своја иницијатива за прашања од негова надлежност.

Советот е должен да распише референдум на барање од најмалку 20% од избирачите на Општината.

Барањето за распишување референдум се доставува до Советот на Општината со потписи на заинтересираните избирачи дадени пред надлежниот орган кој води евиденција за избирачкото право на граѓаните на Општината.

Член 85

Право на гласање на референдумот имаат граѓаните кои имаат избирачко право.

Референдумот го спроведува Комисијата за спроведување на референдумот.

Претседателот и членовите на Комисијата ги именува Советот на Општината.

 

4.     Претставки и предлози

Член 96

За работата на органите на Општината и општинската администрација, граѓаните имаат право, поединечно или заеднички со другите да доставуваат претставки и предлози.

Претставките и предлозите се поднесуваат во писмена форма или усно на записник, поединечно или групно, до Градоначалникот.

За претставките и предлозите не се плаќа такса.

Член 100

Градоначалникот на Општината е должен најдоцна во рок од 60 дена од денот на приемот на претставката, односно предлогот на подносителот да му достави образложен одговор.

Ако претставката или предлогот не се однесуваат на работата од надлежност на органите на Општината, Градоначалникот ги доставува до соодветниот надлежен орган и за тоа го известува подносителот.

 

5.     Јавни трибини, анкети и предлози

Член 101

Органите на Општината, при донесувањето на прописи од својата надлежност,претходно можат да организираат јавна трибина, да спроведат анкети или да побараат предлози од граѓаните.

Јавна трибина се организира кога се донесуваат прописи за прашања од локалниот економски развој, комунални потреби (водоснабдување, одржување на јавна чистота, одржување на локални патишта и улици) и други прашања од пошироко локално значење.

Анкета се спроведува за донесување урбанистички планови и други прашања од локално значење.

Прибирање предлози од граѓаните за решавање на прашања од локално значење ќе се врши преку објавување соопштение со кое ќе се повикаат граѓаните да даваат свои предлози.

Постапката, начинот и времето за преземање на една од наведените активности од ставот 1 на овој член, ќе се уреди со одлука донесена од органот што ја организирал.