ДОДЕЛЕНИ ПОДАРОЦИ НА ДЕЦАТА ВО БИТОЛА

ДОДЕЛЕНИ ПОДАРОЦИ НА ДЕЦАТА ВО БИТОЛА

Sorry, this entry is only available in Macedonian. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in the alternative language. You may click the link to switch the active language.

Градоначалничката на Општина Битола м-р Наташа Петровска денес посети неколку институции и установи, каде подели подароци за децата. Во основното училиште „Ѓорѓи Сугарев“, им беа поделени подароци на учениците во специјалната паралелка кои изведоа и кратка музичка програма, а  беа поделени подароци на учениците од страна на општината, како донација за невладината „Баирска Светлина“.

Исто така, во денешната богата агенда на посети, градоначалничката и дедо Мраз ги посетија децата од „Сумнал“, кои се израдуваа на подароците, а посебно на Дедо Мраз.Подароци им беа поделени и на децата од Заводот за деца со оштетен слух и говор, како и на децата во Домот за доенчиња и мали деца во Битола.

На крајот од денешната посета, градоначалничката Наташа Петровска им подели подароци на штитениците на дневниот центар за деца со посебни потреби.