Дозвола за вршење посебен линиски превоз

Дозвола за вршење посебен линиски превоз

ПРОЦЕДУРА

За издавање на дозвола за вршење посебен линиски превоз на патници во Општината Битола

Потребна документација

За издавање на дозвола за вршење посебен линиски превоз и патници во   Општина Битола, барателот поднесува писмено Барање до Општината (образец на барањето се добива на шалтер или од интернет страницата на Општина Битола www.bitola.gov.mk – линк формулари)

Кон барањето се доставува следната документација:

1. ДОКАЗ ДЕКА ПРЕВОЗНИКОТ Е ВПИШАН ВО ЦЕНТРАЛНИОТ РЕГИСТАР НА РМ-ТЕКОВНА СОСТОЈБА СО ПРЕТЕЖНА ДЕЈНОСТ ЗА ПРЕВОЗОТ ЗА КОЈ ШТО СЕ БАРА ЛИЦЕНЦА (НЕ ПОСТАР ОД 60 ДЕНА) (копија

2. ДОКАЗ ДЕКА ПРЕВОЗНИКОТ ИМА ВО СОПСТВЕНОСТ  ИЛИ ПОД ЛИЗИНГ РЕГИСТРИРАНИ ДВЕ ИЛИ ПОВЕЌЕ ВОЗИЛА СО НАЈМАЛКУ 16+1 СЕДИШТЕ (копија од сообраќајни дозволи)

3. ПОТВРДА ЗА СЕКОЕ ВОЗИЛО ОД СТАНИЦА ЗА ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД-БИТОЛА ДЕКА  ИСТОТО ГИ ИСПОЛНУВА ТЕХНИЧКО-ЕКСПЛОАТАЦИОНИТЕ УСЛОВИ ЗА ВАКОВ ВИД НА ПРЕВОЗ (копија)

4. ДОКАЗ ЗА ВРАБОТЕНИ ЛИЦА-ВОЗАЧИ ВО ФИРМАТА (копија од образец М1/М2)

5. СЕРТИФИКАТ ЗА ПРОФЕСИОНАЛНА КОМПЕТЕНТНОСТ ЗА УПРАВИТЕЛОТ (копија-информации за сертификатот се добиваат на Технички факултет-Битола; лице за контакт: Зоран Јошевски)

6. УВЕРЕНИЕ ДЕКА ПРОТИВ УПРАВИТЕЛОТ НЕМА ПРАВОСИЛНА СУДСКА ПРЕСУДА ЗА КРИВИЧНО ДЕЛО (НЕ ПОСТАРА ОД 60 ДЕНА) (копија)

7. АДМИНИСТРАТИВНИ ТАКСИ (оргинал)(уплатени преку правното лице-фирма)

Постапка за издавање на лиценца и извод од лиценца завршење авто-такси превоз на патници во Општина Битола

Општината во рок од 8 (осум) работни дена од денот на приемот на барањето ќе ја разгледа доставената документација, ќе утврди дали истата е комплетна и во рок од 15 дена со комплетирана документација се издава лиценца и извод од лиценца.

Постапка кога доставената документација не е комплетна или е со недостатоци.

Доколку доставената документација не е комплетна, надлежниот орган на Општината е должен писмено да го извести барателот со укажување истиот да ги отстрани констатираните недостатоци и да го дополни барањето, во рок од 3 (три) работни дена од денот на приемот на известувањето.

Доколку барателот не ги отстрани констатираните недостатоци и не го дополни барањето во дополнително определениот рок, органот ке го отфрли барањето и ке донесе Заклучок како барањето да не е ни поднесено.

Доколку барателот ги отстрани констатираните недостатоци и документацијата е комлетна, а e неосновано или не ги исполнува условите за добивање на лиценца,органот ке донесе Решение за одбивање за добивање лиценца и извод од лиценца за вршење општински линиски превоз на патници во   Општина Битола.

Доколку барателот ги отстрани констатираните недостатоци и го дополни барањето, надлежниот орган е должен да ја продолжи постапката, и со комплетирана документација во рок од 15 дена да издаде лиценца и извод од лиценцата.

Барање

Уплатница за административни такси 1

Уплатница за административни такси 2

Контакт лице: Валентина Трифунова, Советник за превоз во патен сообраќај

тел: 047 208 305

е-mail: valentina.stefoska@gmail.com