Изложба на Ристо Димовски и Златко Гецовски – Магаза

Изложба на Ристо Димовски и Златко Гецовски – Магаза

Sorry, this entry is only available in Macedonian. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in the alternative language. You may click the link to switch the active language.

Уметниците Ристо Димовски и Златко Гецовски, во рамки на БИТ ФЕСТ 2015, пред битолчани и верните обожаватели на нивните дела, имаат чест да се претстават со авторска ликовна изложба „Уметнички Космос“.
Ликовната изложба „Уметнички Космос“ ќе биде отворена три дена, а е поставена во внатрешноста на Магазата во Битола. Посетителите ќе имаа задоволство да ги погледнат прекрасните примероци на двајцата автори.
Уметничките дела на Ристовски и Гецовски пленат со својата мистичност, уникатност, древност, перфекционизам и едноставност.
Коњи-масло на платно, Свети Никола-масло на штица, Пресвета Богородица- резба на орев, Цвеќе во вазна-масло на платно, Пресвета Богородица- релјефна икона техника масло и скулптурата Глава- резба на орев, се дел од колекцијата која што е изложена на изложбата.

BF2015_IzlozbaGecovski_1 BF2015_IzlozbaGecovski_2 BF2015_IzlozbaGecovski_3 BF2015_IzlozbaGecovski_4 BF2015_IzlozbaGecovski_5 BF2015_IzlozbaGecovski_6 BF2015_IzlozbaGecovski_7 BF2015_IzlozbaGecovski_8 BF2015_IzlozbaGecovski_9 BF2015_IzlozbaGecovski_10