Комунална такса за користење на музика во јавни локали

Комунална такса за користење на музика во јавни локали

КОМУНАЛНА ТАКСА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА МУЗИКА ВО ЈАВНИТЕ ЛОКАЛИ

1.ОБВРЗНИЦИ НА КОМУНАЛНАТА ТАКСА СЕ ЈАВНИТЕ ЛОКАЛИ

ПОД ЈАВНИ ЛОКАЛИ СЕ ПОДРАЗБИРААТ УГОСТИТЕЛСКИТЕ ОБЈЕКТИ (КАФЕАНИ, ГОСТИЛНИЦИ И СЛИЧНО) И НИВНИТЕ ИСТУРЕНИ ДЕЛОВНИ МЕСТА( БАВЧИ ТЕРАСИ И СЛИЧНО).

2.  ПРИЈАВА

-ОБВРЗНИКОТ НА ТАКСАТА Е ДОЛЖЕН ДА ПОДНЕСЕ  ПРИЈАВА ДО ОПШТИНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА ВО РОК ОД 5 ДЕНА ОД ДЕНОТ НА ПРИЕМОТ НА ОДОБРЕНИЕТО ЗА КОРИСТЕЊЕ НА МУЗИКА.

-ВРЗ ОСНОВА НА ПОДНЕСЕНАТА ПРИЈАВА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНАТА ДОНЕСУВА РЕШЕНИЕ КОЕ СЕ ДОСТАВУВА ДО ТАКСЕНИОТ ОБВРЗНИК, А ВИСИНАТА НА ТАКСАТА СЕ УТВРДУВА ЗА ВРЕМЕТО ЗА КОЕ Е ОДОБРЕНО КОРИСТЕЊЕТО НА МУЗИКАТА

3.ВИСИНА НА ТАКСАТА

-КОМУНАЛНАТА  ТАКСА НА ГОДИШНО НИВО ЗА МУЗИКА ИЗНЕСУВА 5.000 ДЕНАРИ

-ТАКСАТА СЕ ПЛАЌА И КВАРТАЛНО ВО ЗАВИСНОСТ ОД ДАТАТА НА ОДОБРЕНИЕТО ЗА КОРИСТЕЊЕ НА МУЗИКА, А ЗА ВРЕМЕ ПОКРАТКО ОД ЕДЕН МЕСЕЦ , ОБВРЗНИКОТ Е ДОЛЖЕН ВЕДНАШ ДА ЈА УПЛАТИ УТВРДЕНАТА ТАКСА.

4.РОК НА ПЛАЌАЊЕ

– КОМУНАЛНАТА ТАКСА СЕ ПЛАЌА ВО РОК ОД 30 ДЕНА ОД ДЕНОТ НА ДОСТАВУВАЊЕТО НА РЕШЕНИЕТО, А ЗА СЕКОЈ ДЕН ЗАДОЦНУВАЊЕ СЕ ПЛАЌА ДНЕВНА КАМАТА ОД 0,05%

6.ТУЖБА

-ПРОТИВ ДОНЕСЕНИТЕ  РЕШЕНИЈА  –СО ДАТА НА ДОНЕСУВАЊЕ ДО 04.09.2015 г.МОЖЕ ДА СЕ ИЗЈАВИ ЖАЛБА, ДО ОПШТИНА БИТОЛА, ВО РОК ОД 15 ДЕНА СО  УПЛАТЕНИ  250 ДЕНАРИ АДМИНИСТРАТИВНИ ТАКСИ НА  СМЕТКА:840-103-03182 и приходна шифра 722-315, ПОДНЕСЕНАТА ЖАЛБА НЕ ЈА ОДЛАГА НАПЛАТАТА НА ДАНОКОТ

7. РОК НА РЕШАВАЊЕ ПО ИЗЈАВЕНАТА ЖАЛБА

– РОКОТ ЗА РЕШАВАЊЕ ПО ЖАЛБА ИЗНЕСУВА 15 ДЕНА ДОКОЛКУ СЕ ПОСТАПУВА ВО ПРВ СТЕПЕН, ВО СПРОТИВНО ЖАЛБАТА ВО РОК ОД 5 ДЕНА СО СИТЕ СПИСИ НА ПРЕДМЕТОТ СЕ ПРЕПРАЌА ДО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ.

8.ТУЖБА

-Со измените и дополнување на Законот за Даноците на имот („Сл.весник на РМ “бр.154/2015) кои стапија на сила на ден 04.09.2015 година, направени се измени во Член 52 во наведениот закон и нема повеќе правен лек жалба и истиот се заменува со ТУЖБА .

ПРАВНА ПОУКА:Против решението на градоначалникот на општината, може да се поведе управен спор со тужба пред надлежниот Управен суд во рок од 30 дена од денот на приемот на решението.

ПОДНЕСЕНАТА ТУЖБА НЕ ЈА ОДЛАГА НАПЛАТАТА НА ДАНОКОТ

 

One thought on “Комунална такса за користење на музика во јавни локали

  1. Pingback: zoredfurilort

Comments are closed.