Комунална такса за фирма

Комунална такса за фирма

КОМУНАЛНА ТАКСА ЗА ФИРМА,ОДНОСНО НАЗИВ НА ДЕЛОВНА ПРОСТОРИЈА

1.ОБВРЗНИК НА КОМУНАЛНА ТАКСА ЗА ФИРМАРИНА

Е ФИЗИЧКО И ПРАВНО ЛИЦЕ И ГРАЃАНИНОТ КОИ КОРИСТАТ ОПРЕДЕЛЕНИ ПРАВА, ПРЕДМЕТИ И УСЛУГИ И ТОА

2. КОМУНАЛНА ТАКСА ЗА ФИРМАРИНА СЕ ПЛАЌА

-ЗА ДЕЛОВНИТЕ ПРОСТОРИИ НА ТРГОВСКИТЕ ДРУШТВА ОДНОСНО ЗА СЕДИШТЕ НА ПРАВНОТО ЛИЦЕ , КОМУНАЛНАТА ТАКСА ИЗНЕСУВА 5.000 ДЕНАРИ НА ГОДИШНО НИВО

-ЗА ДЕЛОВНИТЕ ПРОСТОРИИ НА ФИЗИЧКИТЕ ЛИЦА, ТРГОВЦИТЕ ПОЕДИНЦИ КОМУНАЛНАТА ТАКСА ИЗНЕСУВА 2.000 ДЕНАРИ НА ГОДИШНО НИВО

-ЗА ДЕЛОВНИТЕ ПРОСТОРИИ НА ФИЗИЧКИТЕ ЛИЦА КОИ ДАНОКОТ ГО ПЛАЌААТ ВО ПАУШАЛЕН ИЗНОС КОМУНАЛНАТА ТАКСА ИЗНЕСУВА 500 ДЕНАРИ НА ГОДИШНО НИВО

-ЗА СЕКОЈА ПОДРУЖНИЦА ОДНОСНО ,ПРОДАВНИЦА, КИОСК , ДЕЛОВНА ЕДИНИЦА И СЛИЧНО КОМУНАЛНАТА ТАКСА ИЗНЕСУВА 2.000 ДЕНАРИ НА ГОДИШНО НИВО

3. ДАНОЧНА ПРИЈАВА

-ОБВРЗНИКОТ НА ТАКСАТА Е ДОЛЖЕН ДА ПОДНЕСЕ  ПРИЈАВА ДО ОПШТИНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА ВО РОК ОД 15 ДЕНА ОД ДЕНОТ НА НАСТАНАТАТА ОБВРСКА ИЛИ ДОКОЛКУ НАСТАНАТ  ПРОМЕНИ КОИ ДОВЕДУВААТ ДО ПЛАЌАЊЕ ТАКСА ВО ПОГОЛЕМ ИЛИ ПОМАЛ ИЗНОС.

-ОБВРЗНИКОТ НА ТАКСАТА КОЈ НЕ ЌЕ ПОДНЕСЕ НАВРЕМЕ ПРИЈАВА , ЌЕ СЕ ЗАДОЛЖИ ПОКРАЈ СО РЕДОВНАТА ТАКСА СО ЗГОЛЕМЕНА ТАКСА ОД 30%.

-ЗА НАСТАНАТИТЕ ПРОМЕНИ КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ ЗА ПРАВНИТЕ ЛИЦА КАКО ПРОМЕНА НА СЕДИШТЕ НОВИ РЕГИСТРИРАНИ ИЛИ ЗАТВОРЕНИ ПОДРУЖНИЦИ, СТЕЧАЈ И СЛИЧНО , ДОЛЖНО Е ПРАВНОТО ЛИЦЕ ВО РОК ОД 15 ДЕНА ДА ГО ИЗВЕСТИ ДАНОЧНОТО ОДДЕЛЕНИЕ СО ПРИЛОГ НА ТЕКОВНА СОСТОЈБА ОД ЦЕНТРАЛНИОТ РЕГИСТАР НА РМ.

4.ДОНЕСУВАЊЕ РЕШЕНИЕ

-РЕШЕНИЕ ЗА КОМУНАЛНА ТАКСА ЗА ФИРМА/НАЗИВ НА ДЕЛОВНАТА ПРОСТОРИЈА СЕ ДОНЕСУВА СПОРЕД ПОДАТОЦИТЕ ОД СОСТОЈБАТА НА 1-ВИ ЈАНУАРИ СЕКОЈА ГОДИНА ЗА СЕКОЈ ОБВРЗНИК ОДДЕЛНО.

5.РОК НА ПЛАЌАЊЕ

– КОМУНАЛНАТА ТАКСА СЕ ПЛАЌА ВО РОК ОД 30 ДЕНА ОД ДЕНОТ НА ДОСТАВУВАЊЕТО НА РЕШЕНИЕТО, А ЗА СЕКОЈ ДЕН ЗАДОЦНУВАЊЕ СЕ ПЛАЌА ДНЕВНА КАМАТА ОД 0,05%

6. ЖАЛБА/ТУЖБА

-ПРОТИВ ДОНЕСЕНИТЕ  РЕШЕНИЈА  –СО ДАТА НА ДОНЕСУВАЊЕ ДО 04.09.2015 г.МОЖЕ ДА СЕ ИЗЈАВИ ЖАЛБА, ДО ОПШТИНА БИТОЛА, ВО РОК ОД 15 ДЕНА СО  УПЛАТЕНИ  250 ДЕНАРИ АДМИНИСТРАТИВНИ ТАКСИ НА  СМЕТКА:840-103-03182 и приходна шифра 722-315, ПОДНЕСЕНАТА ЖАЛБА НЕ ЈА ОДЛАГА НАПЛАТАТА НА ДАНОКОТ

7. РОК НА РЕШАВАЊЕ ПО ИЗЈАВЕНАТА ЖАЛБА

– РОКОТ ЗА РЕШАВАЊЕ ПО ЖАЛБА ИЗНЕСУВА 15 ДЕНА ДОКОЛКУ СЕ ПОСТАПУВА ВО ПРВ СТЕПЕН, ВО СПРОТИВНО ЖАЛБАТА ВО РОК ОД 5 ДЕНА СО СИТЕ СПИСИ НА ПРЕДМЕТОТ СЕ ПРЕПРАЌА ДО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ.

8.ТУЖБА

-Со измените и дополнување на Законот за Даноците на имот („Сл.весник на РМ “бр.154/2015) кои стапија на сила на ден 04.09.2015 година, направени се измени во Член 52 во наведениот закон и нема повеќе правен лек жалба и истиот се заменува со ТУЖБА .

ПРАВНА ПОУКА:Против решението на градоначалникот на општината, може да се поведе управен спор со тужба пред надлежниот Управен суд во рок од 30 дена од денот на приемот на решението.

ПОДНЕСЕНАТА ТУЖБА НЕ ЈА ОДЛАГА НАПЛАТАТА НА ДАНОКОТ

 

One thought on “Комунална такса за фирма

  1. Pingback: zoredfurilort

Comments are closed.