НАГРАДЕНИ НАЈУСПЕШНИТЕ ВО УЧИЛИШНИОТ СПОРТ

НАГРАДЕНИ НАЈУСПЕШНИТЕ ВО УЧИЛИШНИОТ СПОРТ

Sorry, this entry is only available in Macedonian. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in the alternative language. You may click the link to switch the active language.

Сојузот на училишен спорт, денес им ги додели наградите на најуспешните ученици и екипи од основните и средните училишта во општината, кои во текот на учебната година, спортуваа, се натпреваруваа и освојуваа значајни резултати. Со континуираната реализација на квалитетни дополнителни, спортски програми кои на нашите деца и младинци им даваат можност за правилен телесен развој, интелектуален, естетски и морален раст, се прави значајно доближување на децата и младите луѓе до спортските терени. Дел од тие програми се и: реализацијата на училишните општински првенства, активност во која беа вклучени 3000 до 4000 ученици од 20 училишта, во вкупно 28 првенства во машка и женска конкуренција во кошарка, ракомет, одбојка, футсал, фудбал, шах, пинг-понг, реализација на ноќната трка по повод 4 ноември, како и реализација на големиот број други активности. Сојузот на училишен спорт беше домаќин и на регионалните првенства во кошарка, футсал, голем фудбал и одбојка, а сите реализирани активности континуирано беа поддржувани од Општина Битола. За ваквата значајна поддршка, Сојузот на училишен спорт со посебна благодарница и се заблагодари на  градоначалничката Петровска, која пак потенцираше, дека токму училишниот спорт е спортот во кој најмногу треба да се вложува. „Денес ги имаме победниците на сите овие натпревари. Секогаш велам: училишниот спорт е токму расадникот на спортот и токму тој треба да биде поддржуван од Општина Битола. Моите заложби и во иднина ќе бидат токму во таа насока – овој спорт да биде максимално поддржан, а средствата за училишен спорт да се зголемат, наспроти средствата за професионален спорт, затоа што професионалниот спорт, согласно законот треба да биде финансиран и од други извори. Само на тој начин, би имале добар расадник и би имале добра завршница во делот на професионализмот“, изјави гардоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска