Одобрение за поставување на урбана опрема

Одобрение за поставување на урбана опрема

ПРОЦЕДУРА ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА НА ЈАВНА ПОВРШИНА

Потребна документација

За издавање на Одобрение за поставување на урбана опрема на јавна површина, барателот поднесува писмено Барање до Општината (образец на барањето се добива на шалтер или од интернет страницата на Општина Битола www.bitola.gov.mk – линк формулари).

Кон барањето се доставува следната документација:

1. Решение од соодветниот регистар каде што е регистриран субјектот (не постаро од 6 месеци);

2 За правно лице – доказ за исполнети минимално технички услови за вршење на дејност (Решение или друг доказ дека барателот поднел пријава за исполнување на минимално-технички услови за вршење на дејност);

3. За физичко лице – доказ дека е заведено во постоечката евиденција на невработени лица која ја води Агенцијата за вработување на РМ и притоа прецизно да наведе каква дејност планира да врши на наведената локација;

4. Барање за издавање на Потврда од Општина Битола дека барателот нема неподмирени обврски по основ на неплатен надоместок за поставување на урбана опрема од претходно издадено Одобрение (образецот на барање се добива на шалтер или од интернет страницата на Општина Битола www.bitola.gov.mk -линк формулари );

5. Детален цртеж со опис на постојната состојба на површината на која се бара да се врши дејност со околниот простор во размер од кој може јасно да се согледа ситуацијата (1:1000 или 1:500);

6. Детален цртеж со опис на новата ситуација на површината на која се бара да се врши дејност со околните објекти и елементи на комунална опрема и инфраструктура во размер (1:200 или 1:100);

7. Детален цртеж со опис на површината предвидена за користење (1:100 или 1:50);

8. Детали од урбаната опрема што ќе се поставува на површината на која се бара да се врши дејност во размер (1:20 или 1:10);

9. Доказ за платена административна такса во износ од 1.000,оо денари (бланко уплатница ПП 50 се добива на шалтер, а начинот на пополнување може да се види од интернет страницата на Општина Битола, www.bitola.gov.mk – линк уплатници);

Постапка за издавање на Одобрение за поставување на урбана опрема на јавна површина

Општината во рок од 8 (осум) работни дена од денот на приемот на барањето ја разгледува доставената документација, и утврдува дали истата е комплетна, врши увид на лице место и утврдува дали деталните цртежи се изработени во согласност со Одлуката за утврдување на потреба за поставување на урбана опрема и за условите, начинот и постапката за издавање на одобрение за поставување на урбана опрема како и Одлуката за утврдување на критериуми и стандарди за поставување на урбана опрема на подрачјето на Општина Битола („Сл. гласник на Општина Битола“ бр. 07/2013 год.).

Доколку доставената документација е комплетна, а деталните цртежи се изработени во согласност со Одлуката за утврдување на потреба за поставување на урбана опрема и за условите, начинот и постапката за издавање на одобрение за поставување на урбана опрема како и Одлуката за утврдување на критериуми и стандарди за поставување на урбана опрема на подрачјето на Општина Битола („Сл.гласник на Општина Битола“ бр. 07/2013год.), односно барањето е основано и во согласност со одредбите на законите и прописите донесени врз основа на закон, надлежниот орган на Општината ја утврдува висината на комуналната такса согласно Законот за комуналните такси „Сл. весник на РМ“ бр. ( 61/04, 64/05, 92/07 и 123/12 ) и Одлуката за утврдување на висината на комуналните такси во Општина Битола ( „Службен гласник на Општина Битола“ бр.09/05 ) и до барателот доставува Заклучок за плаќање на надоместок за издавање на Одобрение за поставување на урбана опрема на јавна површина, во рок од 3 дена од денот на извршениот увид доколку претходно поднесеното барање било комплетно.

Барателот е должен во рок од 5 (пет) работни дена од денот на приемот на Заклучокот да изврши уплата на надоместок за издавање на Одобрение за поставување на урбана опрема на јавна површина и да достави доказ за извршена уплата или со Општината да склучи договор со кој е утврдено плаќање на надоместокот на рати. Доколку барателот не ја плати комуналната такса и не достави доказ за извршена уплата или не склучи договор со кој е утврдено плаќање на надоместокот на рати, ќе се смета дека барателот го повлекол своето барање, за што ќе се постапи согласно Законот за општата управна постапка.

Одобрението за поставување на урбана опрема на јавна површина се издава во рок од 5 (пет) работни дена од денот на доставување на доказ за платен или регулиран надоместок за издавање на Одобрение за поставување на урбана опрема на јавна површина.

Постапка кога доставената документација не е комплетна или е со недостатоци

– Ако барањето содржи некој формален недостаток што го спречува постапувањето, или барањето е неразбирливо или нецелосно, Органот на подносителот ќе му определи рок во кој е должен да ги отстрани недостатоците. Ова може да му се соопшти на подносителот по телефон, а и усно ако подносителот се затече кај органот кој ова го соопштува. За стореното соопштение органот ќе стави забелешка на списот. Ако барателот ги отстрани недостатоците во определениот рок, ќе се смета дека поднесокот бил од почеток уреден. Ако подносителот не ги отстрани недостатоците во определениот рок, па поради тоа не може да се постапува по барањето, ќе се смета дека барањето не е ни поднесено, за тоа органот ќе донесе Заклучок против кој може да се изјави посебна жалба. На оваа последица подносителот особено ќе се предупреди во поканата за исправка на поднесокот.

– Доколку доставената документација во прилог на барањето содржи недостатоци и не е во согласност со Одлуката за утврдување на потреба за поставување на урбана опрема и за условите, начинот и постапката за издавање на одобрение за поставување на урбана опрема како и Одлуката за утврдување на критериуми и стандарди за поставување на урбана опрема на подрачјето на Општина Битола („Сл. гласник на Општина Битола“ бр. 07/2013 год.), Општината писмено ќе го извести барателот дека е потребно да ги отстрани констатираните недостатоци и/или да го дополни барањето во рок од 3 (три) работни дена од денот на приемот на известувањето.

Доколку во дополнително определениот рок странката не поднесе докази и не ги отстрани недостатоците, органот не може поради тоа да го отфрли барањето како да не е поднесено, туку е должен да ја продолжи постапката и во согласност со правилата на постапката и според материјалниот пропис, да ја реши управната работа.

Доколку барателот ги отстрани констатираните недостатоци и/или го дополни барањето, надлежниот орган во рок од 3 (три) работни дена ќе изготви и достави до барателот Заклучок за плаќање на надоместок за издавање на Одобрение за поставување на урбана опрема на јавна површина согласно член 3 од Одлуката за утврдување на висината на комуналните такси во Општина Битола („Службен гласник на Општина Битола“ бр.09/05).

Барателот е должен во рок од 3 (три) работни дена од денот на приемот на Заклучокот да го плати надоместокот за издавање на Одобрение за поставување на урбана опрема на јавна површина и да достави доказ за извршена уплата или со Општината да склучи договор со кој е утврдено плаќање на надоместокот на рати. Доколку барателот не ја плати комуналната такса и не достави доказ за извршена уплата или не склучи договор со кој е утврдено плаќање на надоместокот на рати, ќе се смета дека барателот го повлекол своето барање, за што ќе се постапи согласно Законот за општата управна постапка.

Одобрението за поставување на урбана опрема на јавна површина се издава во рок од 3 (три) работни дена од денот на доставување на доказ за платен или регулиран надоместок за поставување на урбана опрема на јавна површина.

Барање

Уплатница за административни такси