ОПРЕДЕЛЕНА ЛОКАЦИЈА ЗА ПРИВРЕМЕНО СКЛАДИРАЊЕ НА ИНЕРТЕН ОТПАД

ОПРЕДЕЛЕНА ЛОКАЦИЈА ЗА ПРИВРЕМЕНО СКЛАДИРАЊЕ НА ИНЕРТЕН ОТПАД

Врз основ на Правилникот за постапување со инертен отпад  со кој се пропишува начинот и постапката на управување со интерен отпад –градежен шут, како и правата и обврските на правните и физичките лица кои постапуваат со инертен отпад, Советот на општина Битола донесе Одлука за определување на локација за третман и отстранување на инертен отпад ( градежен шут ) на подрачјето на општина Битола. Привременото складирање односно претоварната станица е сместена во стопанскиот двор на КЈП Нискоградба.
„Станува збор за комунален отпад направен од реализирани градежни активности кој граѓаните ќе може да го оставаат во претоварната станица. Оваа станица ќе може да прифати до еден метар кубен додека поголеми количини ќе мора да ги оставаат во депонијата „Мегленци“. Веруваме дека ќе се подобри ситуацијата во оваа сфера бидејќи за жал дел од несовесните граѓани продолжуваат да исфрлаат градежен шут на разни локации во градот создавајќи диви депонии. Ние ќе бидеме поупорни за да се зголеми свеста на граѓаните за овој комунален проблем “ истакна градоначалникот д-р Владимир Талески.
Во оваа постапка се вклучени локалните јавни претпријатија „Комуналец“ и „Нискоградба“кои ќе ги собираат помалите количества на комунален отпад и ќе им ги намалат трошоците на граѓаните кои реализираат градежни активности во своите домови.

LokacijaOtpad2016-1 LokacijaOtpad2016-2 LokacijaOtpad2016-3