Надлежности

Надлежности

Градоначалник на Општината

Градоначалникот ја претставува и застапува Општината.

Градоначалникот се избира на општи, непосредни и слободни избори со тајно гласање во согласност со закон за период од 4 години.

Градоначалникот својата функција ја извршува професионално.

Градоначалникот во рамките на своите овластувања:

  • – му предлага на Советот на Општината донесување одлуки и други општи акти од негова надлежност,
  • – кога е изрично овластен донесува поединечни акти во согласност со закон Статутот односно одлука на Советот,
  • – раководи со управните и административните органи,
  • – именува и разрешува главен архитект на градот,
  • – именува и разрешува раководни лица на управните, односно административните органи на Општината,
  • – именува и разрешува членови на Градскиот совет за архитектура,
  • – врши прием во работен однос и дава отказ од работа на лица извршители на управните и административните органи во Општината по претходно добиено мислење од Комисијата за работи од именување и разрешување на извршители на управни и административни работи во органите на Општината,
  • – донесува акти за организација и систематизација на работните места во управните и административните органи во Општината,
  • – врши и други работи утврдени со закон и со овој Статут.

Градоначалникот има право да присуствува и учествува во работата на седниците на Советот.

Градоначалникот се грижи за работите што со закон и се доверуваат на Општината.

Градоначалникот е должен актите со кои се уредуваат работите од доверената надлежност без одлагање, а најдоцна до денот на објавувањето, да ги достави до надлежниот орган на државната управа.

Градоначалникот со заклучок ги прогласува и објавува актите и одлуките на Советот во службеното гласило на Општината.

Градоначалникот на Општината се грижи и презема меки и активности за нсвремено и квалитетно извршување на одлуките на Советот на Општината.

Градоначалникот управува со имотот на Општината како добар домаќин.

Во управувањето со имотот на Општината градоначалникот е должен да презема мерки и да го обезбедува користењето на имотит во согласност со закон.

Градоначалникот е должен во рок од 7 дена на Советот да му укаже на неуставноста и незаконитоста на актот, односно одлуката донесена во надлежностите за кои самостојно одлучува Општината.

Советот е должен актот односно одлуката повторно да ја разгледа најдоцна 15 дена по укажувањето од страна на градоначалникот.

Ако Советот на Општината го потврди актот, односно одлуката, градоначалникот е должен да ја прогласи.

Градоначалникот е должен ако актот односно одлуката од став 1 на овој член не се согласат со Уставот и Законот и по повторното разгледување од страна на Советот или ако Советот не го разгледа повторно актот односно одлуката во предвидениот рок да ја извести Владата на Република Македонија за неуставноста и незаконитоста на актот односно одлуката во рок од 15 дена од денот на неговото – нејзиното доставување.

За времето на спреченост или отсутност до една година, градоначалникот го заменува член на Советот на Општината кој го назначува градоначалникот.

За времето на заменување на градоначалникот, на членот на Советот на Општината му мирува функцијата член на Советот.

За работата на градоначалникот може да се покрене прашањето за негова доверба на предлог од најмалку 1/5 од вкупниот број на избирачи.

Предлогот за покренување на прашање на доверба на градоначалникот се поднесува до Општинската комисија за спроведување на изборите со потписи на граѓаните дадени пред надлежниот орган кој води евиденција за избирачкото право на избирачите.

Постапката за изјаснување на граѓаните по прашањето за недоверба на градоначалникот ја спроведува Општинската комисија за спроведување на изборите.

Одлуката за недоверба е донесена ако за неа гласале 51% од вкупниот број на избирачите во Општината, со што му престанува мандатот на градоначалникот.

Извор: Статут на Општина Битола (член. 60-69)