Mayor

Mayor

Sorry, this entry is only available in Macedonian. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in the alternative language. You may click the link to switch the active language.

БИОГРАФИЈА НА НАТАША ПЕТРОВСКА – ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА БИТОЛА

 

Наташа Петровска е родена на 18 декември, 1971 година во Битола.

Образование :

Средно училиште завршила во Гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Битола, насока физичар – техничар.

Дипломиран професор по математика е од 1995 година.  Во 2012 година магистрирала менаџмент на човечки ресурси при Универзитетот за туризам и менаџмент – Скопје, на тема: „Наставни програми во функција на задоволување на потребите и можностите на учениците“.

Брачен статус: Oмажена, мајка на две деца.

Хоби: Сака да чита, танцува, а исто така ги сака и прошетките во природа.

 

Професионален ангажман:

Од 1996 година работи како професор по математика. Има низа сертификати како ментор на ученици на натпреварите по математика, во државата, но и на меѓународно ниво. Учествувала и како обучувач во голем број проекти, за што има бројни сертификати.

Во периодот од 2013 до 2017 година била член на Советот на општина Битола, каде исто така била и координатор на Советничката група предводена од СДСМ.

Функцијата Градоначалник на општина Битола почнува да ја врши од 25.10.2017 година.