Градоначалник

Примариус д-р Тони Коњановски – градоначалник на општина Битола Д-р Тони Коњановски роден е на 28.01.1962 година во Битола. Основно училиште и гимназија завршува во Битола во генерацијата 1979/80 година. Високото образование го започнува на Медицинскиот факултет при Универзитетот во Белград во генерацијата 1981/82 година, а го продолжува на Медицинскиот факултет при Универзитетот Св. “Кирил и Методиј” во Скопје, каде и дипломира. Својот професионален ангажман го започнува во ЈЗУ Здравствен дом во Ресен, каде од 1992 година, па се до 2000 година работи како лекар во Службата за итна медицинска помош и домашно лекување. Во периодот 1997-2000 година, д-р Коњановски е именуван за прв човек на оваа служба. Од 2000 година се префрла во тогашниот Завод за здравствена заштита, денес ЈЗУ „Центар за јавно здравје“. Д-р Тони Коњановски во континуитет работи во оваа институција на различни позиции. Во 2000 година ја започнува специјализацијата по епидемиологија на Институтот за Епидемиологија при Медицинскиот Факултет во Скопје. По специјализирањето, раководи со отсекот за дезинфекција, дезинсекција и дератизација во составот на Одделението за Епидемиологија при ЈЗУ ЗЗЗ Битола. Во текот на раководењето со овој отсек го осовременува, воведува нови методи и стандарди во работата, такашто сега со право може да се каже дека отсекот за ДДД е лидер во регионот и на високо место во Државава според обемот, квалитетот и стандардите во својата дејност. Во 2007 година д-р Тони Коњановски е назначен за стручен раководител на ЈЗУ “Центар за јавно здравје” Битола, а од октомври 2016 година до август 2017 ја извршува функцијата директор … Продолжи со читање Градоначалник