ПРВOРОДЕНОТО БЕБЕ ВО БИТОЛА ВО НОВАТА ГОДИНА Е МАШКО

ПРВOРОДЕНОТО БЕБЕ ВО БИТОЛА ВО НОВАТА ГОДИНА Е МАШКО

Sorry, this entry is only available in Macedonian. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in the alternative language. You may click the link to switch the active language.

Градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска денес напладне ја посети првата родилка во оваа 2019 година, која на свет донесе машко дете.

Во Клиничката болница во Битола, во 00.40 часот, мајката Александра Максимовска од Велес, со спонтано породување на свет го донесе својот втор син, кој тежи 3250 грама. Со букет цвеќе и парична награда, градоначалничката Петровска му посака здравје, љубов и топлина на првото новороденче во Битола. Во текот на претпладневните часови во битолската болница на свет дојдоа уште две машки деца.

„Имаме три новороденчиња на 1 јануари 2019 година, здрави и живи. Нека Ни бидат здрави и живи долги години, да имаат топлина во домот и љубов. Ова е момент кој што е еден од најсреќните за било кој градоначалник, еден од најубавите моменти во функцијата која што ја извршувам, им посакувам среќа во семејствата, меѓутоа, среќа и на сите наши битолчани. Нека ни се здрави и живи новороденчињата“, посака градоначалничката Наташа Петровска, која покрај првороденото бебе, ги награди и останатите две новородени бебиња на 1 јануари 2019 година.

Раководителката на гинеколошкото одделение, д-р Елизабета Чипуровска во името на дежурниот персонал и се заблагодари на градоначалничката за гестот на внимание кон одделението и родилките, а на младите им порача во оваа година да создаваат семејства и да ги користат благодетите на услугите на ова одделение.

„Вкупно имаме три живородени машки дечиња, значи ќе имаме јака година и се надевам многу успешна. Им порачувам на младите оваа година да им биде година во која ќе створат семејство и ќе го прошират истото, со донесување на свет на здрави новороденчиња. Ние сме тука да им понудиме се што треба и да им го овозможиме тоа. Се надевам дека и со општината ќе соработуваме успешно и понатаму, во интерес на младите. Отворени сме за соработка, имаме отворено и школа за родителство, која што уште повеќе им помага на младите за советување кога донесуваат одлука да створат семејство и да донесат на свет новородено дете“, рече Чипуровска.

Градоначалничката Петровска ги посети и им подари симболични подароци и на останатите две мајки. Второто бебе родено во битолската болница е од Кичево, кое мајката го донесе на свет со царски рез во 10.05 часот, а третото бебе е од Битола, исто така породено со царски рез, во 11.10 часот.