САНИРАЊЕ НА КОЛОВОЗИТЕ, ГРАЃАНИТЕ МОЖАТ ДОПОЛНИТЕЛНО ДА ПРИЈАВУВААТ ОШТЕТУВАЊА

САНИРАЊЕ НА КОЛОВОЗИТЕ, ГРАЃАНИТЕ МОЖАТ ДОПОЛНИТЕЛНО ДА ПРИЈАВУВААТ ОШТЕТУВАЊА

КЈП „Нискоградба“ започна со санација на ударните дупки на патиштата кои што се во општинска надлежност, според Програмата на Општина Битола за одржување на улици и патишта. Директорот на ова јавно претпријатие Методија Силјановски истакна дека според дотурот на асфалт и според списокот доставен од општината, активностите ќе течат континуирано. Тој воедно упати апел до граѓаните да пријават во КЈП „Никоградба“ оштетувања на коловозите, без оглед дали се ударни дупки или прекопи од санации на водоводна или канализациона мрежа и останати други интервенции. За оваа активност за санирање на ударните дупки и прекопи на коловозите според договорот со општината е проектирана финансиска рамка од 6 милиони денари. Доколку се појави потреба од дополнителни активности и интеревенции на коловозите, таа финансиска рамка може да се прошири. Контакт телефони за граѓаните:

Стопански двор 047-221-016

Дирекција „Комуналец“ 047-233-600, 047-233-199