СРЕДБА СО АКАДЕМСКА ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ИЗРАЕЛ

СРЕДБА СО АКАДЕМСКА ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ИЗРАЕЛ

Градоначалничката на општина Битола, м-р Наташа Петровска, денес оствари средба со академска делегација од Универзитетот Bar Ilan од Израел. Нивниот престој на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ е дел од Програмата ЕРАЗМУС +, а на денешната средба со градоначалничката Петровска, присуствуваа Проф. д-р Илиа Родов од катедрата за хебрејска уметност, Проф.Јаел Алеф – катедра за конзервација и Проф. д-р Шмуел Рефаел – Салти од Институтот за ладино, како и претставници од канцеларијата за меѓународна соработка при Универзитетот „Свети Климент Охридски“ – Битола.