Уверение за нумерирање на објект

Уверение за нумерирање на објект

ПРОЦЕДУРА ЗА ИЗДАВАЊЕ НА УВЕРЕНИЕ ЗА НУМЕРИРАЊЕ НА ОБЈЕКТ

Потребна документација

За добивање на Уверение за нумерирање на објект, барателот поднесува писмено Барање до Општината, (образец на барањето се добива на шалтер или од интернет страницата на Општина Битола, www.bitola.gov.mk – линк формулари)

Кон барањето се доставува следната документација:

1. Доказ за сопственост (имотен лист со запишано право на сопственост, право на користење, право на долготраен закуп, лична службеност или прибележан договор за закуп, или договор за закуп доколку е склучен и солемнизиран пред 25.04.2013 година );

2. Доказ за платена административна такса во износ од 250,оо денари (бланко уплатница ПП 50 се добива на шалтер, а начинот на пополнување може да се види од интернет страницата на Општина Битола, www.bitola.gov.mk – линк уплатници)

Постапка за издавање на Уверение за нумерирање на објект

Опшината е должна во рок од 5 ( пет ) работни дена од денот на приемот на барањето да ја разгледа доставената документација и да утврди дали истата е комплетна. Доколку доставената документација е комплетна, надлежниот орган на Општината ќе издаде Уверение и истото ќе го достави до барателот.

Постапка кога доставената документација не е комплетна или е со недостатоци

Доколку доставената документација не е комплетна или барањето е непотполно, надлежниот орган на Општината ќе го извести барателот, за истиот да може да ги отстрани констатираните недостатоци и/или да го дополни барањето, во рок од 3 ( три ) работни дена од денот на приемот на известувањето. Доколку барателот ги отстрани констатираните недостатоци и/или го дополни барањето, надлежниот орган на Општината е должен во рок од 3 ( три ) работни дена да го изготви Уверението и да го достави до барателот.

Во случај кога не постои можност да се изврши нумерирање на објектот поради неисполнетост на законски претпоставки, и да се издаде Уверение, барањето за издавање на Уверение ќе биде одбиено со Решение.

Барање

Уплатница за административни такси

Контакт лице: Христина Стојановска, Виш референт

тел: 047 208 310