УРЕДУВАЊЕ НА ПРОСТОРОТ КАЈ СТАРА БОЛНИЦА

УРЕДУВАЊЕ НА ПРОСТОРОТ КАЈ СТАРА БОЛНИЦА

Sorry, this entry is only available in Macedonian. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in the alternative language. You may click the link to switch the active language.

Деновиве екипи на ЈП „Комуналец“ работат на уредување на просторот зад паркингот во месноста „Стара болница“, наменет за детско игралиште. Иако ова катче не беше дел од редовната програма за работа на ЈП „Комуналец“ за овој период од годината, јавното претпријатие им излезе во пресрет на барањата на жителите и делот наменет за детско игралиште, кое во меѓувреме стана простор за собирање на смет, го враќа во првобитната положба. Покрај хортикултурното уредување, поставени се и нови плочки во делот на детските реквизити за играње, а дел од реквизитите се заменети со нови.