ЧИСТЕЊЕ НА КАНАЛОТ ВО НАСЕЛБАТА БОРИМЕЧКА

ЧИСТЕЊЕ НА КАНАЛОТ ВО НАСЕЛБАТА БОРИМЕЧКА

Sorry, this entry is only available in Macedonian. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in the alternative language. You may click the link to switch the active language.

ЈП „Комуналец“ започна со теренски активности во населбата Боримечка, на крајот од ул. Солунска во Битола. Во должина од над 300 метри, се работи на чистење на каналот и на проширување на коловозот од двете страни.

Со механизација на терен, во моментов се одвива косење на тревата, кастрење на гранките и рамнење на теренот, односно уличната површина.

По оваа фаза на чистење, ќе следува санација на коловозот со поставување на дробен камен.