Барања за еднократна финансиска помош

Барања за еднократна финансиска помош

Врз основа на Одлуката за определување на критериуми за одредување на финансиска помош од Буџетот на Општината Битола, донесена од Советот на Општина Битола, може да се поднесат барања за еднократна финансиска помош до Комисијата за финансии и буџет при Советот, за една од следниве категории:

КАТЕГОРИЈА I – ФИЗИЧКИ ЛИЦА СО РИЗИЦИ ПО ЗДРАВЈЕТО СО СОЦИЈАЛЕН СТАТУС (барање за преземање)

– лица со трајна болест со социјален статус– лица со варијабилни болести со социјален статус (лица со трошоци од оперативен зафат или пред оперативен зафат)КАТЕГОРИЈА II – ФИЗИЧКИ ЛИЦА СО СОЦИЈАЛЕН РИЗИК  (барање за преземање)

– лица кои користат социјална заштита– лица со попречености– многудетни семејства со минимални примања или без приходи– невработени самохрани родители– деца без родители и родителска грижа над 16 годиниКАТЕГОРИЈА III – ФИЗИЧКИ ЛИЦА кај кои се јавува потреба од средства заради итност и сериозност  (барање за преземање)

Барањето се поднесува заедно со соодветната документација за областа во која се аплицира, со назнака ,,До Комисијата за финансии и Буџет при Советот на Општината Битола“.

Контакт: 208-441, 208-358

e-mail: sovet@bitola.gov.mk