БЕХАТОН ПЛОЧКИ НА ДВЕ УЛИЦИ ВО МАЛ ПАРИЗ

БЕХАТОН ПЛОЧКИ НА ДВЕ УЛИЦИ ВО МАЛ ПАРИЗ

На барање на жителите во две улици од населбата Мал Париз, се вршат последните подготовки пред поплочување со бехатон плочки.

Претходно, на двете улици во близина на Сточниот пазар, се поставуваше мешовита канализација, од страна на екипи на КЈП „Нискоградба“. Во едната улица е завршено тампонирањето, додека другата е во фаза на подготовка за поставување на бехатон плочки.

На овој начин, дел по дел, општината ги санира улиците, кои претставуваат горлив проблем за населението во оваа битолска населба.