БИТОЛСКИТЕ РОДОВИ ПРОЕКТИ ПРЕТСТАВЕНИ ПРЕД ЕКСПЕРТИ ОД ШВЕДСКА

БИТОЛСКИТЕ РОДОВИ ПРОЕКТИ ПРЕТСТАВЕНИ ПРЕД ЕКСПЕРТИ ОД ШВЕДСКА

Во салата на Советот на Општина Битола денес се одржа средба на која учествуваа кооринаторот за еднакви можности од Општина Битола, претставници на Комисијата за еднакви можности при Советот на Општина Битола и експертите Афердита Хаџијаха Имери и Улф Фарнсведен, ангажирани од страна на Шведската агенција за развој СИДА. На средбата беа презентирани тековните активности на комисијата за 2018 год, од кои посебно беа потенцирани следните проекти:

1.Соработката со здруженијата на граѓани во делот на имплеметација на проекти

  • Во делот на превенција од семејно насилство: соработка со здруженијата „Престиж“, „АМОС“ и „Семпер“, кои работат на различни целни групи на деца почнувајќи од претшколска воздраст до средно образование.
  • Во делот на активности за економско јакнење на жената и изготвување на бизнис план со ЗГ „Клеа“.
  • Во делот на дневна грижа за стари лица со Организација на жени
  • Со ЗГ „Здружение на еднородителски семејства“ околу согледување то на потребите на еднородителските семејстав во Битола

2.Годинава, во рамките на работата на комисијата, акцентот е ставен на Истанбулската конференција. За таа цел, на 8 Март беше организирана регионална  конференција во соработка со UNWOMEN и MTСП  на тема „Јакнење на соработката помеѓу општините во Пелагонискиот регион за подобрување на превенцијата и заштитата на жените и девојчињата од насилство“.Од конференцијата произлезе  потреба за отварање на регионален центар за превенција и заштита од семејно насилство во Пелагонискиот регион. Тоа го потврдија присутните, а го поддржаа шесте градоначалници кои беа присутни на конференцијата. Центарот би ги опфаќал следните области:

  • Психосоцијално советувалиште;
  • Специјална канцеларија за бесплатна правна помош
  • СОС линија 24 часа
  • Механизми за економска самостојност на жртвите

3.Во соработка со ЗГ „Семпер“ се направи родово буџетска анализа во Пелагонискиот регион за да се види кои се можностите за отварање на Регионален центар за превенција од семејно насилство и кои сервиси би биле најприоритетни  да се поддржат.

4.Активности со Здружение на Бизнис жени од Скопје, во насока на економско јакнење на жените во Битола. Потпишан е меморандум на соработка, а едуцирани се 20 жени.

5.Во родово одговорно буџетирање Општина Битола е пионер неколку години наназад, а оваа година акцент е ставен на  програмата за економски развој. Овој дел е во соработка со UNWOMEN.

6.Во соработка со ЗГ „Хера“ е во фаза подготовката за организирање на обука за членовите на Советот во насока на јакнење на нивните капацитети во делот   на родовата еднаквост.

Од страна на експертите беше побарано мислење и насоки за соработка и поврзувањето на ИПА проектите и нивната комуникација со Комисијата за еднакви можности, како во делот на подготовката така и во нивната реализација.

На оваа средба, како заклучок, беше констатирано дека соработката со здруженијата на граѓани е на завидна позиција, но повеќе треба да се работи на јакнење на родовата свест за вклучување на родовите политики во сите институции, пред се при аплицирањето на проекти и подготвувањето на програмите за работа.