БИТФЕСТ – 2015 БИТОЛА ОТВОРЕН ГРАД МКЦ

БИТФЕСТ – 2015 БИТОЛА ОТВОРЕН ГРАД МКЦ

Покрај прекрасната рок-класика, отворањето на јубилејното битолско културно лето со спектакуларен настап го збогати и Белградската рок група „Партибрејкерс“, која приреди одлична журка за неколку илјадната публика која се собра на големиот концерт под отворено небо на најпознатата улица Широк Сокак.
Забавата беше исполнета со познатите рефрени и динамичниот сценски настап од фронтменот на „Партибрејкерс“,кој следејќи го пулсот на публиката понуди целовечерна музичка програма низ која прозвучија хитови препознатливи за сите генерации.
Гостувањето на култната белградска група „Партибрејкерс“ го обезбеди МКЦ – Битола, организатор на меѓународниот фестивал „Битола отворен град“.

BF15_Partibrejkers_1 BF15_Partibrejkers_2 BF15_Partibrejkers_3 BF15_Partibrejkers_4 BF15_Partibrejkers_5 BF15_Partibrejkers_6 BF15_Partibrejkers_7 BF15_Partibrejkers_8