БИТ ФЕСТ: ДВАНАЕСЕТТО ИЗДАНИЕ НА ЛОКУМ ФЕСТ

БИТ ФЕСТ: ДВАНАЕСЕТТО ИЗДАНИЕ НА ЛОКУМ ФЕСТ

Како дел од програмата на БИТ ФЕСТ, а во организација на здружението на Центарот за културна деконтаминација – Битола, започна 12. издание на битолскиот фестивал на музиката и традицијата, „Локум-фест“ чија тридневна програма се одвива во старата битолска чаршија. Во првата вечер публиката имаше можност да ужива во звуците на бугарската група “Морски перли”, македонско-турскиот ансамбл „Балканатолија“ и „Чалгии мерак“.

Вечерва, главни ѕвезди се добро познатите „Баклава“ и гостите од Словенија групата „Ентузијазам“, а третата вечер, пак, ќе помине во знакот на „Вевки чалгија трио“ и гостите од Индија – „Тапи проџект“.