БИТ ФЕСТ: ИЗЛОЖБА НА ФОТОГРАФИИ „ТРИ ТОЧКИ“

БИТ ФЕСТ: ИЗЛОЖБА НА ФОТОГРАФИИ „ТРИ ТОЧКИ“

Во рамките на БИТ ФЕСТ 2018, пред Домот на АРМ беше отворена изложбата на фотографии насловена „ТРИ ТОЧКИ“.

Проектот „ТРИ ТОЧКИ“ е во организација и реализација на членовите на Фото клубот „Стеван Наумов-Стив“  кој работи во состав на Народна техника-Битола.

Најголемиот број од учесниците се млади до 21 година, кои за првпат се сретнале со начинот на изработка на фотографии во фото школата, која се одржува секоја година и на која земаат учество околу 25 млади таленти од нашиот град. Но, има и искусни и докажани  фотографи – наградувани на престижни изложби и фото натпревари во земјата и странство.

Изложбата на фотографии претставува можност за директно креативно ангажирање на млади, истата е со препознатливи вредности и претставува освежување во богатата фотографска традиција на Битола.