БИТ ФЕСТ: КОНЦЕРТ НА „ЈОЗЕФ ХАЈДН БРАС“

БИТ ФЕСТ: КОНЦЕРТ НА „ЈОЗЕФ ХАЈДН БРАС“

Битолското културно лето, за првпат годинава воспостави соработка со амасадите  во Република Македонија, кои имаат свои конзуларни претставништва во Битола, а како резултат на таквата соработка, вчеравечер на БИТ ФЕСТ, се одржа концертот на месинг квартетот „Јозеф Хајдн Брас“, кој беше предлог на амбасадата на Австрија. На концертот, свое обраќање имаше и австриската амбасадорка м-р Ренате Коблер, која нагласи дека посебно се радува што концертот на австриските музичари се одржува на денот кога Австрија и официјално го презема шестмесечното претседавање со ЕУ. Градоначалничката Петровска, изрази голема благодарност до австриската амбасада, за прекрасниот концерт: „Голема благодарност до Амбасадата на Австрија и почесниот конзул на Австрија Г-ѓа Валентина Илиева за поддршката со културен настан – концерт на месинг квартет Joseph Haydn BRASS. Прекрасно звучеа. Во себе носеа дух исклучително впечатлив. Посебна чест направија со нивниот аранжман на Македонско девојче“, рече градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска.

Јoseph Haydn Brass“ (Јозеф Хајдн Брас) е основан во Ајзенштат, Австрија кога во 2000 година се споија пет сосема различни музичари кои ги соедини љубовта кон музиката на Џозеф Хајдн. Ансамблот Јозеф Хајдн Брас ја доживува изведбата на дела на нивниот имењак и неговите современици – како Моцарт Бетовен – како суштински уметнички предизвик.

„Јoseph Haydn Brass“ го сочинуваат: Петер Бауер (труба), Јохан Штангл (труба), Флориан Јанежич (Хорна), Роберт Поперл (тромбон) и Гинтер Клајдости (туба).

Во салата на Народниот театар тие се претставија со: Триумфален марш од Аида – Џузепе Верди, Анданте од концертот со труби во Ес- дур – Јозеф Хајдн, Увертира кон операта “Волшебната флејта” – В. А. Моцарт, Анданте симфонија „часовник“ – Joзеф Хајдн, Унгарски танц бр. 5 – Јоханес Брамс, Czardas (Чардаш) ​​​​​​​​- Виторијо Монти, Валцер од џез свита бр. 2 – Димитриј Шостакович, Take the „A„ Train​​​​​​ – Дјук Елингтон, It don´t mean a Thing- Дјук Елингтон​​, Just a Closer Walk​​​​​​ (Traditional), 12 th Street Rag ​​​​​​- Euday Bowman.