БИТ ФЕСТ: „КРАСНОРЕЗ“

БИТ ФЕСТ: „КРАСНОРЕЗ“

„Краснорез“ – проекција на документарен филм. Краснорез е докуметарен филм во кој се презентирани неколку специфични занаети кои во целина оставаат силна трага во духовниот живот на Битола и битолчани. Во овој докуменарен филм се опфатени специфични уметнички занаети кои се изработуваат рачно: копаничарство, ииконопис кои во една целина ги има во секој божји храм, и тоа на највидлиливото и највпечатливото место: Иконостасот. Краснорез ќе биде комплетен приказ за технолошко-уметничкиот чин  претставувајќи ги фазите од избирање на мотивите, материјалите, боите, алатките за изработка, самиот процес на изработка – техниките и спецификите, до финализирањето со конзервација.