БИТ ФЕСТ: „СИ – ДО“ ХИТОВИ НА ПЛОШТАДОТ МАГНОЛИЈА

БИТ ФЕСТ: „СИ – ДО“ ХИТОВИ НА ПЛОШТАДОТ МАГНОЛИЈА

Како дел од програмата на Битолското културно лето „Бит Фест“,  најмладите имаа можност да се забавуваат со дел од најголемите музички хитови на Детскиот музички фестивал „СИ – ДО“. На концертната вечер на „СИ – ДО“ на Плоштадот Магнолија, настапија десет изведувачи, кои заедно со Кловнот Заги, направија прекрасна атмосфера, исполнета со многу публика, игра и песна.