БИТ ФЕСТ: „СМОТРА  ФЕСТИВАЛ vol.8“

БИТ ФЕСТ: „СМОТРА ФЕСТИВАЛ vol.8“

Со необичните локации и внимателно селектираните изведувачи кои настапуваат со енергични диџеј сетови и настапи во живо, фестивалот Смотра претставува одлично место за сите перфекционисти и љубители на алтернативната култура. Обединувајќи ги најдобрите таленти, осум години по ред, Асоцијација 615 успеа да изгради и одржи фестивал кој претставува дестилатор на најдобрите електронски звуци во Македонија. На овогодинешното издание настапија Томи Бојаџи и ДИАХ, a настанот се одржа на улица Фуштани во центарот на Битола.