БИТ ФЕСТ: „СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА“

БИТ ФЕСТ: „СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА“

Во организација на центарот за европски развој и интеграција (ЦЕРИ), а како дел од програмата на БИТ ФЕСТ беше отворена изложбата „Со љубов од Битола“. На изложбата претходеше фотоконкурс за избор на најдобра фотографија со мотив од Битола. На петтата јубилејна изложба на фотографии беа претставени фотографии од 29 автори кои сведочат за европскиот дух на Битола. Најдобрите три беа наградени, според следниот редослед:

  • Прва награда Дражан Брачиќ
  • Втора награда Вера Христовска
  • Трета награда Мартина Тодоровска