БИТ ФЕСТ: ФЕСТИВАЛ НА СТАРОГРАДСКА МУЗИКА И ВИНО

БИТ ФЕСТ: ФЕСТИВАЛ НА СТАРОГРАДСКА МУЗИКА И ВИНО

За прв пат во Битола, на Бит фест, се одржа фестивал на староградска музика и вино, кој внесе посебна енергија и сјај, враќајќи ја притоа некогашната раздвиженост на Старата битолска чаршија.

На првата вечер од фестивалот, гостите се забавуваа со  битолските естрадни уметници Тони со „Биоритам“ „Акорди бенд“, „Мелос бенд“, „Икс бенд“, Бојан Стојков, Борче Наумовски и Марија Груевска кои изведоа староградски песни, се пееја „Ако одам во Битола“, „Ратка“, песни од Ајри Демировски, новокомпонирани песни…

И вечерва на истата локација, пред Монмартрот, кај чешмата, во срцето на чаршијата, ќе настапат повеќе музички групи и самостојни изведувачи: групите „Екстраваганза“, „Деспина“, Билјана Дамјановска-Јанчевска, Димитар Андоновски…