БЛАГОДАРНОСТ ДО ГРАЃАНИТЕ ОД ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ПЕТРОВСКА

БЛАГОДАРНОСТ ДО ГРАЃАНИТЕ ОД ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ПЕТРОВСКА

Градоначалничката на Општина Битола м-р Наташа Петровска, по одржувањето на  прославата под мотото „Македонија во НАТО и ЕУ – одиме напред“, под покровителство на Владата на РМ, изрази благодарност до присутните кои во саботата вечерта масовно се забавуваа на Широк Сокак и на тој начин ја дадоа поддршката за иднината на нашата земја, сите заедно да зачекориме напред кон подобро утре.

„Граѓаните ја препознаа нашата заложба да тргнеме напред, а нивното присуство претставува верба во перспективата на она што следува за нашата држава“, посочи Петровска.

Особена благодарност Петровска упати и до премиерот на Република Македонија, г-нот Зоран Заев, кој се одлучи од 15-те градови во кои се одржуваа прослави, да присуствува токму во Битола.

„Премиерот ја препознава вредноста на Битола како космополитски град, град кој од секогаш ја негувал мултикултурноста и ги создавал релациите на комуникација на целиот Балкан. Затоа, токму од Битола, тој испрати порака до сите, вклучително и до опозицијата,  да ја избереме македонската иднина и да се престане со сеењето омраза“, истакна градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска.