ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ПЕТРОВСКА ЗА ПРВИОТ СЕТ ЕКОНОМСКИ МЕРКИ НА ОПШТИНА БИТОЛА

ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ПЕТРОВСКА ЗА ПРВИОТ СЕТ ЕКОНОМСКИ МЕРКИ НА ОПШТИНА БИТОЛА

Почитувани,

Имајќи ја предвид целокупната состојба со вирусот COVID 19, кој во многу нешта донесе изместување на нормалното функционирање, меѓу што се вбројуваат и економските последици, како Градоначалник ги давам следниве предлози за субјекти, чие работење е попречено со пандемијата:

  1. Ослободување од закупнина на деловни простори во сопственост на Општина Битола за месеците март, април и мај
  2. Ослободување од надоместоци за комунална такса за користење на простор пред деловни простории за март, април, мај
  3. Ослободување на закупнина на градежно земјиште под објект за месеците март, април, мај.
  4. Ослободување од фирмарина на сите занаетчии и трговци поединци на годишно ниво

Ова се само дел од мерките кои ги предлагам во оваа фаза.

Само по овие основи Општина Битола се откажува од своите приходи во висина од над 6 милиони денари. Ова е возможно само заради финансиската стабилност на општината што е резултат на домаќинското трошење на парите на граѓаните во изминатиот период.

Дополнително јавните петпријатија во зависност од   нивните можности, ќе дадат мерки за ублажување на последиците.

Како Градоначалник  денес потпишав, околу 1 милион денари финансиски средства наменети до социјално ранливите семејства.

И во оваа прилика замолувам, почитувањето на мерките и препораките се клучни во излегувањето од оваа криза.

Ве молам, СЕДЕТЕ ДОМА.