ГРАЃАНСКАТА АСОЦИЈАЦИЈА ОД БИТОЛА СО БЛАГОДАРНИЦА ДО ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ПЕТРОВСКА

ГРАЃАНСКАТА АСОЦИЈАЦИЈА ОД БИТОЛА СО БЛАГОДАРНИЦА ДО ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ПЕТРОВСКА

За комплетната организациска, техничка и логистичка поддршка од Општина Битола, при реализацијата на хумантираната акција „Предвелигденски базар“ на Плоштадот „Магнолија“, чиј организатор беше Граѓанска асоцијација – Битола, денес на градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска и беше врачена благодарница од оваа асоцијација. Во хуманитарниот настан, кој се реализираше под мотото „Од срце за Битола, заедно за Битола, за нашите еднородителски семејства, за децата на Битола“, беа собрани и донирани финансиски средства и 15 пакети со различни производи, неопходни во секојдневието на секое семејство, а поддршка на настанот дадоа и околу 50 фирми од Битола, вклучувајќи ги и јавните претпријатија и други приватни фирми од општината. Граѓанската асоцијација – Битола, овој хуманитарен настан традиционално го реализира повеќе години наназад, а годинава истиот покажа најголема успешност, овозможувајќи притоа, топлина и велигденска радост и кај оние семејства, каде што грижата за децата, останала само на еден родител.