ЗАПОЧНУВА ЕДИНАЕСЕТТО ИЗДАНИЕ НА БИТОЛСКОТО КУЛТУРНО ЛЕТО „БИТ ФЕСТ“

ЗАПОЧНУВА ЕДИНАЕСЕТТО ИЗДАНИЕ НА БИТОЛСКОТО КУЛТУРНО ЛЕТО „БИТ ФЕСТ“

Со музичко-сценскиот колаж насловен „Шекспир колаж“ во продукција на Народниот театар од Битола вечерва, 21 јуни, ќе биде отворено 11 то издание на Битолското културно лето „БИТ ФЕСТ“, во чии рамки започнува и 5-от Интернационален „Битола Шекспир фестивал“, кој ќе трае до 1 јули. Покрај музичко – сценскиот „Шекспир колаж“ кој е во знак на свеченото отворање на БИТ ФЕСТ 2017, денешната програма на БИТ ФЕСТ содржи и неколку други настани.

 

18:00 – Ракометно игралиште – Најголем битолски рок концерт „Вртолом“ – Стама Продукција

За најдолгиот ден во годината, почетокот на летото и почетокот на БИТ ФЕСТ 2017, на ракометното игралиште во Битола ќе се одржи голем рок концерт Вртолом

На истиот ќе настапуваат група Гром, Retribution, Spank, Eruption, B52, Венко Серафимов и Давид Нешкоски.

Почетокот на концертот на ракометното игралиште е од 20 часот, а вратите ќе бидат отворени од 18.

И уште едно отворање на првиот ден на БИТ ФЕСТ…

На улицата Фуштани, пред кафе барот „Радост“, во 21 часот започнува фестивалот “300 – Работи Триста“. Во рамките на фестивалот ќе бидат прикажани кратки филмови од ФИОФА. На отворањето гостуваат режисери, сценаристи, сниматели, монтажери од Чешка, САД, Индија, Ирска, Турција итн. Во рамките на првиот ден од фестивалот“300 – Работи Триста“ од 21.00 часот ќе биде промовиран зборникот „Колегиумски записник 004“ филмски сценарија.

Во 19.00 часот на Широк Сокак ќе се одржи фестивалот на музиката– Фестивал„Fete de la music“ – СОЛСТИС во организација на Француската Алијанса. Во рамките на овој фестивал, предвиден е настап на хип хоп студио Сања – танцов клуб, детскиот хор „Ѕвончиња“ и пензионерската пејачка група „Сирма војвода“. Во 21.00 часот настапуваат „Guess who” и „Fragment”, а пред мезе бар 102 ќе настапат Crossroad blues band.