ЗАПОЧНА АДАПТАЦИЈАТА НА ОБЈЕКТОТ НА ПОДРАЧНОТО УЧИЛИШТЕ ВО СЕЛО КАНИНО

ЗАПОЧНА АДАПТАЦИЈАТА НА ОБЈЕКТОТ НА ПОДРАЧНОТО УЧИЛИШТЕ ВО СЕЛО КАНИНО

Децата од село Канино кои досега патуваа до ОУ „ Крсте П. Мисирков “ во с. Бистрица, од септември оваа година ќе продолжат да учат во своето подрачно училиште во село Канино.
Адаптацијата на училиштето е веќе започната.  Кровот на објектот е променет, а ќе се изведуваат и други работи, на и во самиот објект. Во тек е и изработка на септичка јама и канализационен приклучок.
„ На 1ви Септември, овој објект ќе биде приспособен и се надевам дека ќе биде на радост на сите деца, не ќе мораат повторно да патуваат и ќе можат наставата да ја оддржуваат во овој објект.  Со подобрувањето на временските услови , со привршувањето на тендерската документација и завршувањето на јавните набавки започнуваме да работиме на повеќе места, со тоа подготвуваме една убава  градежна офанзива, но и офанзива што ќе значи уредување на целиот простор на нашата општина без разлика дали е тоа во урбаниот или во руралниот дел “ – изјави градоначалникот на Општина Битола д-р. Владимир Талески.
шата општина без разлика дали е тоа во урбаниот или во руралниот дел „ – изјави градоначалникот на Општина Битола д-р. Владимир Талески.