ЗДРУЖЕНИЕТО „ИСКРА“ ЈА ПРОМОВИРАШЕ ЗАЛОЖБАТА ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА СОСТОЈБАТА НА ДЕЦАТА СО ДИЈАБЕТ 1

ЗДРУЖЕНИЕТО „ИСКРА“ ЈА ПРОМОВИРАШЕ ЗАЛОЖБАТА ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА СОСТОЈБАТА НА ДЕЦАТА СО ДИЈАБЕТ 1

Уште едно здружение, кое покрај возрасните, ќе ги застапува барањата и потребите и на децата со дијабет 1, по повод Светскиот ден за борба против дијабетесот, одржа трибина во малата сала во Центарот за култура. Здружението на родители на деца со дијабет тип 1 „Искра“, како еден од нивните главни проблеми го посочи недостатокот на педијатар ендокринолог, со кого би имале постојан контакт, како и апаратчиња кои наместо секојдневно, на децата ќе им овозможат боцкање еднаш на 14 дена. Иницијативата за формирање на ова здружение е поддржана и од Општина Битола.

„Состојбата во која се наоѓат овие деца бара поголема дисциплина, која за средината е малку поинаква. Средината треба да ја прифати дисциплината и таа да биде нешто нормално. Секоја локална самоуправа, не само оваа треба да ја третира оваа состојба. Имаме категорија граѓани кои имаа проблем, категорија која знае да им помогне и категорија која троши народни пари, којантреба да го насочува во функција на задоволување на потребите. Токму затоа кога членовите на ова здруженија дојдоа да ги претстават своите намери бев фанцинирана и немав дилема дека треба да бидат поддржани, не само сега туку и ќе продолжи во континуитет“, рече градоначалничката Наташа Петровска.

На трибината се обратија претседателката на здружението Марија Кожинковска, Наташа Деспотовска-Димитриевск, претседател на асоцијацијата за детски дијабетес „Баланс МК“, ендокринологот д-р Олга Лозановска и Ели Секуловска, која со години се справува со оваа состојба. На најмалиот член на ова здружение му беше доделено апаратче, со кое ќе му биде олеснет начинот на примање терапија.