ИНФРАСТРУКТУРНИ ЗАФАТИ ВО О.У „ТРИФУН ПАНОВСКИ“

ИНФРАСТРУКТУРНИ ЗАФАТИ ВО О.У „ТРИФУН ПАНОВСКИ“

Како и во сите училишта во Општина Битола, така и во О.У. „Трифун Пановски“ , летните месеци од распустот се користат за работни активности и санации во училиштето. Како што истакна директорот Пецо Димовски, со максимална заложба на општината, вработените, родителите и донаторите, ќе се работи на повеќе места во училиштето.

„Деновиве, со средства од Општина Битола, се работи на санација на спортската сала во училиштето, која е во незавидна состојба. Санацијата ги опфаќа ѕидовите, таванот и партерното уредување. Во текот на денот добивме и донација од „Кромберг и Шуберт“, кои како општествено одговорна компанија ни излегоа во пресрет на нашите барања и донираа посна и мрсна боја за целосно бојадисување на внатрешните ѕидови во сите простории во училиштето“, истакна Димовски.

Училиштето и во наредниот период преку соработка со локалната самоуправа, но и со донации од општествено одговорни компании и помагатели, ќе работи на подобрување на условите за настава на учениците.