МАШКИ БЛИЗНАЦИ ПРВИТЕ НОВИ ЖИТЕЛИ ВО БИТОЛА ВО НОВАТА ГОДИНА

МАШКИ БЛИЗНАЦИ ПРВИТЕ НОВИ ЖИТЕЛИ ВО БИТОЛА ВО НОВАТА ГОДИНА

Првите новороденчиња на одделението за неонатологија при Клиничката болница од Битола се машки близнаци.  Точно на полноќ, на свет ги донесе мајката Александра Стрезовска од битолското населено место БистрицаНив денес ги посети градоначалникот на Битола, м-р Наташа Петровска.

Имаме 17 новороденчиња во општина Битола, од кои 9 само ноќеска. Првите две се машки близначиња. На сите им посакувам здравје и долг живот. Посакувам родителите да им се радуваат и да ги израснат во личности кои што зад себе ќе остават траги и бележат успеси и ќе покажат што значи навистина да ги цените благодетите на животот“, рече градоначалникот на Битола м-р Наташа Петровска, на денешната посета на одделението за неонатологија при Клиничката болница во Битола, посакувајќи им здравје, живот и успеси на сите битолчани.