МИНИСТЕРОТ СПАСОВСКИ ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА БИТОЛА

МИНИСТЕРОТ СПАСОВСКИ ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА БИТОЛА

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовки денес оствари работна посета на Општина Битола во кабинетот на градоначалничката Наташа Петровска, во присуство на претставници од СВР Битола и вработени лица во општината.

На средбата од страна на градоначалничката Петровска беа посочени примерите со кои се соочува Општина Битола во однос на големиот број улици кои се изградени без соодветни процедури, особено за нивното поврзување со главните улици.

Од страна на министерот и неговиот тим, беа дадени предлози и насоки за решавање на овој проблем. На средбата исто така беше посочена и заедничката соработка која што тековно општината ја има во рамките на неколку проекти во соработка со СВР Битола.