НЕДЕЛА НА АВСТРАЛИСКИ ФИЛМ ЗА ПРВ ПАТ ВО БИТОЛА

НЕДЕЛА НА АВСТРАЛИСКИ ФИЛМ ЗА ПРВ ПАТ ВО БИТОЛА

Од синоќа, па до крајот на оваа работа недела, малата сала на Центарот за култура во Битола ќе биде домаќин на пет австралиски играни филмови, кои ќе се прикажуваат во рамките на неделата на австралиски филм.

Во присуство на градоначалничката на Општина Битола м-р Наташа Петровска,  почесниот австралиски конзул во Македонија Зоран Костовски и директорката на Центарот за култура Маја Андоновска-Илијевски, филмската ревија на австралиски филмови за отворена ја прогласи нерезидентниот амбасадор на Австралија за Македонија, Србија и Црна Гора со седиште во Белград, нејзината екселенција Рут Стјуарт. Неделата на австралиски филм беше отворена со комедијата „Црвениот пес“.

Амбасадорката Стјуарт и градоначалничката Петровска и на оваа заедничка средба ја потврдија заложбата за заедничка натамошна соработка, не само на полето на културата, туку и во други области од општественото живеење.