НОВ ТРОТОАР ПРЕД АВТОБУСКАТА СТАНИЦА

НОВ ТРОТОАР ПРЕД АВТОБУСКАТА СТАНИЦА

Започна санацијата на тротоарот пред меѓуградската автобуска станица во Битола до ул. „Македонска фаланга“ со бехатон плочки, во должина од 80 метри. На овој начин се комплетира целосната пешачка патека во просторот пред и околу станицата. Вредноста на овој зафат чини 130.000 денари. Градежните работи на терен ги извршува фирмата „Коп Инженеринг“ од Скопје.