ОПШТИНА БИТОЛА РАБОТИ ЗАКОНСКИ, СЈО НЕАРГУМЕНТИРАНО ОБВИНУВА

ОПШТИНА БИТОЛА РАБОТИ ЗАКОНСКИ, СЈО НЕАРГУМЕНТИРАНО ОБВИНУВА

Неаргументирани изјави, лаги и дезинформации денеска беа изнесени на прес конференцијата на специјалното јавно обвинителство. Вака градоначалникот на општина Битола, попладнево на прес конференција аргументирано ги отфрли сите обвинувања изнесени од страна на специјалното јавно обвинителство во врска со процесот на организирање на бесплатниот превоз на учениците во општина Битола.

„Во моментот кога општина Битола доби надлежност да спроведува групна јавна набавка за слободен превоз на ученици, тоа беше во еден меѓупериод за време на полугодие и ние со согласност на сите директори на училиштата, направивме групна јавна набавка, со што сите се согласија и извршивме законито спроведување на законот за јавни набавки. Беше изнесена невистина дека до нас доаѓале фактури и налози кои што ние сме ги прифаќале, сме ги потпишувале, а истото тоа го правеле и директорите –што е ноторна лага. Според законот, ова финансирање се одвива на следниот начин:до општината доаѓаат блок дотации кои што општината ги трансферира до училиштата, а училиштата кои што заедно со нас како носители на групната јавна набавка, заедно со превозниците имаат договор кој што е потпишан и оттука натаму тие се посебен правен субјект и целото плаќање го прават тие. Групната јавна набавка ја направивме врз основа на податоците кои ни ги доставија училиштата и тука нема ништо спорно, како што нема ништо спорно во целата постапка. Со денешната прес-конференција на СЈО воочивме дека оваа институција бескрајно многу не уважува како важен субјект“, рече градоначалникот на општина Битола, д-р Владимир Талески.

Ове не е прв пат СЈО да изнесува невистини за општина Битола. Денешната прес конференција доаѓа неколку седмици после обвинувањето дека СЈО се соочило со затвореност на општина Битола, односно одбивање на соработка. Напротив, обвинителството имаше увид во целата документација која ја побара од општината:

„Денешната прес конференција на СЈО беше бескрајно тенденциозна, без аргументи. Нема ниту еден правен аргумент против нас. Тоа го тврдам пред сите наши граѓани, пред сите нив и пред целата јавност. Најодговорно тврдам: Ниту сме барале аболиција, ниту ни треба. Ние работиме законски и во сите постапки кои планираат да ги спроведат ќе го потврдиме истото“, изјави градоначалникот Талески.

Градоначалникот Талески уште еднаш потсети дека и неговиот имот е законски стекнат и истиот е пријавен во Државната комисија за спречување на корупција.

PressSJO