ОТВОРЕН 21-ВИОТ ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФЕСТИВАЛ НА МОНОДРАМА БИТОЛА 2019

ОТВОРЕН 21-ВИОТ ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФЕСТИВАЛ НА МОНОДРАМА БИТОЛА 2019

Со премиерата на „БАКХИ-краток преглед на распадот„ синоќа беше отворен 21-от Интернационален фестивал на монодрама во Битола во салата на Народниот театар.Фестивалот го отвори градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска која истакна дека Битола заслужува да има врвни уметнички настани.

„20 години традиција, со над 180 актери кои играле на нашите сцени е бројка за почит. Затоа годинава, Општина Битола му даде безрезервна поддршка на фестивалот, кој заслужува да постои во нашиот град“, рече Петровска.

Од денес, па во наредните четири дена, започнуваат монодрамските претстави, кои ќе се борат за наградата „Гран При“, која годинава ќе да додели жирито во состав Ментор Зумберај од Косово, Нинан Мазур од Германија и Софија Ристевска-Петрушева.

Општина Битола и годинава ќе ја додели наградата од публиката, во форма на плакета со грбот на градот под Пелистер.