ПЕТРОВСКА ВО ПРЕДНОВОГОДИШНА ПОСЕТА НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ВО БИТОЛА

ПЕТРОВСКА ВО ПРЕДНОВОГОДИШНА ПОСЕТА НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ВО БИТОЛА

На покана на Здружението на пензионери од Битола, градоначалничката на Општина Битола м-р Наташа Петровска, го посети здружението и присуствуваше на последното годишно собрание. Таа пред новогодишните празници и им посака добро здравје и уште долго да ја користат пензијата.

„Ги разгледавме можностите за следната година каде би можеле да соработуваме подобро со пензионерите. Им посакувам добро здравје и онака како што умееле оваа година да ни даваат добри совети и мудрост да одиме сите напред“, посочи Петровска.

Претседателот на Здружението на пензионери Томе Димитровски истакна дека за време на собранието ќе биде донесена програмата за работа за 2020 година, а најави и новини во насока на подобрување на животот на пензионерите.

„Најголемата работа што ја направивме оваа година е што купивме објект во близина каде што ќе отвориме клуб на пензионери.Целта ни е да имаат место каде што ќе го поминуваат слободното време“, рече Димитровски.