Постапка за отуѓување и закуп на градежно земјиште

Постапка за отуѓување и закуп на градежно земјиште

ПОСТАПКИ ЗА ОТУЃУВАЊЕ И ДАВАЊЕ ПОД ДОЛГОТРАЕН И КРАТКОТРАЕН ЗАКУП НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА НЕПОСРЕДНА СПОГОДБА ( СЕ ПРИМЕНУВААТ ДО 31.12.2015 ГОДИНА )

 

Отуѓување, давање под долготраен и краткотраен закуп на градежното земјиште сопственост на Република Македонија со непосредна спогодба се врши по поднесено барање од физичко или правно лице доколку со урбанистички план или урбанистичка планска документација на градежната парцела не се предвидува изградба на градби од јавен интерес утврдени со закон.

Врз земјиштето кое е предмет на отуѓување или давање под долготраен и краткотраен закуп не смее да има правни и физички ограничувања за располагање со истото под кои што се подразбираат право на користење, службеност, закуп, реален товар, хипотека и други стварни права на градежното земјиште евидентирани во имотниот лист за земјиштето, како и времени објекти, објекти сопственост на Република Македонија, сопственост на општините и сопственост на јавните претпријатија и други субјекти основани од Собранието на Република Македонија и Владата на Република Македонија и на јавните претпријатија основани од општините, за кои постои опасност од уривање и објекти кои не се запишани во јавната книга за запишување на правата на недвижностите.

Следниве барања се поднесуваат на електронски начин преку www.gradezno-zemjiste.mk

1. Барање за отуѓување на градежно земјиште со непосредна спогодба за потребите на верските заедници за изградба на верски објекти предвидени со урбанистички план или урбанистичка планска документација, при што кон барањето се поднесуваат следниве докази:
– извод од урбанистички план или урбанистичка планска документација со дефинирана градежна парцела,

– геодетски елаборат за нумерички податоци со список на податоци за формирање на градежна парцела,

– имотен лист за градежното земјиште сопственост на Република Македонија, кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена,

– согласност за изградба на верски објект на предметното градежно земјиште од страна на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи,
–  уверение за историски преглед на извршените запишувања во Агенцијата за катастар на недвижностите за предметното градежно земјиште сопственост на Република Македонија за периодот од кога е востановен катастар на земјиште во катастарската општина, со идентификација на катастарска парцела и катастарска општина,

– доказ за регистрација на верската заедница согласно со закон и

– доказ за платена административна такса во висина од 1.500 денари.

уплатница

Барање

 

2. Барање за отуѓување на градежно земјиште со непосредна спогодба за оформување на градежна парцела предвидена со урбанистички план или урбанистичка планска документација, а лицето има во сопственост повеќе од 30% од градежната парцела и ако со планот на таа градежна парцела не се предвидува изградба на објекти од јавен интерес утврден со закон, при што кон барањето се поднесуваат следниве докази:
– извод од урбанистички план или урбанистичка планска документација со дефинирана градежна парцела,

– геодетски елаборат за нумерички податоци со список на податоци за формирање на градежна парцела,

– имотен лист кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена, со запишано право на сопственост на подносителот на барањето, за градежното земјиште кое претставува над 30% од градежната парцела,

– имотен лист за градежното земјиште сопственост на Република Македонија, кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена,

– уверение за историски преглед на извршените запишувања во Агенцијата за катастар на недвижностите за предметното градежно земјиште сопственост на Република Македонија за периодот од кога е востановен катастар на земјиште во катастарската општина, со идентификација на катастарска парцела и катастарска општина,

– доказ за регистрација доколку подносителот на барањето е правно лице, односно фотокопија од лична карта или патна исправа ако подносител на барањето е физичко лице и

– доказ за платена административна такса во висина од 1.500 денари.

НАПОМЕНА: Доколу во рамките на градежната парцела има повеќе сопственици на земјиштето, барањето може да го поднесе и само еден од сопствениците кој има повеќе од 30% сопственост од градежната парцела, со приложување на изјава заверена на нотар со која останатите сопственици на градежната парцела се откажуваат од правото да бидат подносители на барањето.

уплатница

Барање

 

3. Барање за отуѓување на градежно земјиште со непосредна спогодба на другите сопственици на објекти или посебни делови од објекти изградени со градежно-техничка документација и запишани во јавната книга на недвижности кои не поседуваат акт за доделување на правото на користење на градежно земјиште, при што кон барањето се поднесуваат следните докази:
– извод од урбанистички план или урбанистичка планска документација со дефинирана градежна парцела,

– геодетски елаборат за нумерички податоци со список на податоци за формирање на градежна парцела,

– имотен лист кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена, со запишано право на сопственост на објектот или посебниот дел од објектот на подносителот на барањето,

– имотен лист за градежното земјиште сопственост на Република Македонија, кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена,

– уверение за историски преглед на извршените запишувања во Агенцијата за катастар на недвижностите за предметното градежно земјиште сопственост на Република Македонија за периодот од кога е востановен катастар на земјиште во катастарската општина, со идентификација на катастарска парцела и катастарска општина,

– доказ за регистрација доколку подносителот на барањето е правно лице, односно фотокопиjа од лична карта или патна исправа ако подносител на барањето е физичко лице и

– доказ за платена административна такса во висина од 1.500 денари.

 

НАПОМЕНА: Доколку во рамките на градежната парцела, освен Република Македонија има и други сопственици на градежното земјиште, барањето може да го поднесе носителот на правото на сопственост на објектот, со приложување на изјава заверена на нотар со која останатите сопственици на градежното земјиште се согласуваат сопственикот на објектот да го поднесе барањето.

уплатница

Барање

 

4. Барање за отуѓување на градежно земјиште со непосредна спогодба на сопствениците на објекти или посебни делови од објекти за кои е донесено решение согласно со Законот за постапување со бесправно изградени објекти врз основа на кое се запишани во јавната книга на недвижности, при што кон барањето се поднесуваат следниве докази:

– решение за утврдување на правен статус на бесправен објект,

– извод од урбанистички план или урбанистичка планска документација со дефинирана градежна парцела,

– геодетски елаборат за нумерички податоци со список на податоци за формирање на градежна парцела,

– имотен лист кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена, со запишано право на сопственост на објектот или посебниот дел од објектот на подносителот на барањето,

– имотен лист за градежното земјиште сопственост на Република Македонија, кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена,

– уверение за историски преглед на извршените запишувања во Агенцијата за катастар на недвижностите за предметното градежно земјиште сопственост на Република Македонија за периодот од кога е востановен катастар на земјиште во катастарската општина, со идентификација на катастарска парцела и катастарска општина,

– доказ за регистрација доколку подносителот на барањето е правно лице, односно фотокопиjа од лична карта или патна исправа ако подносител на барањето е физичко лице и

– доказ за платена административна такса во висина од 1.500 денари.

ПРЕДМЕТ НА БАРАЊЕТО МОЖЕ ДА БИДЕ:

– градежното земјиште под објектот, односно делот од објектот за кој е донесено решение согласно со Законот за постапување со бесправно изградени објекти и
– градежното земјиште кое се наоѓа во рамките на градежната парцела, а не претставува земјиште под објектот.

НАПОМЕНА: Доколку во рамките на градежната парцела, освен Република Македонија има и други сопственици на градежното земјиште, барањето може да го поднесе носителот на правото на сопственост на објектот, со приложување на изјава заверена на нотар со која останатите сопственици на градежното земјиште се согласуваат сопственикот на објектот да го поднесе барањето.

уплатница

Барање

 

5. Сопствениците на објекти или посебни делови од објекти изградени со градежно-техничка документација на градежно земјиште на кое имаат засновано право на долготраен закуп, доколку објектите се изградени согласно со урбанистички план или урбанистичка планска документација и доколку ја имаат исплатено закупнината за тековната година и другите давачки кои произлегуваат од договорот за долготраен закуп можат да поднесат барање да им се отуѓи градежното земјиште со непосредна спогодба. Закупнините кои се платени до денот на поднесувањето на барањето не се пресметуваат во цената за отуѓување на земјиштето.

Кон барањето се поднесуваат следниве докази:

– договор за засновање на правото на долготраен закуп,

– имотен лист за земјиштето сопственост на Република Македонија, во кој е запишано заснованото право на долготраен закуп,

– имотен лист за објектот кој е изграден на градежното земјиште,

– доказ за платена закупнина до моментот на поднесување на барањето и

– доказ за платена административна такса во висина од 1.500 денари.

 

НАПОМЕНА: Доколку во рамките на градежната парцела, освен Република Македонија има и други сопственици на градежното земјиште, барањето може да го поднесе носителот на правото на сопственост на објектот, со приложување на изјава заверена на нотар со која останатите сопственици на градежното земјиште се согласуват сопственикот на објектот да го поднесе барањето

уплатница

Барање

 

6. Кога градежното земјиште сопственост на Република Македонија наменето за изградба на објекти од јавен интерес се дава под долготраен закуп со непосредна спогодба, кон барањето се поднесуваат следниве докази:
– извод од урбанистички план или урбанистичка планска документација со дефинирана градежна парцела, односно проект за инфраструктура со утвдрена површина за градење,

– геодетски елаборат за нумерички податоци со список на податоци за формирање на градежна парцела, односно површината за градење утврдена со проект за инфраструктура,

– имотен лист за градежното земјиште сопственост на Република Македонија, кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена,

– уверение за историски преглед на извршените запишувања во Агенцијата за катастар на недвижностите за предметното градежно земјиште сопственост на Република Македонија за периодот од кога е востановен катастар на земјиште во катастарската општина, со идентификација на катастарска парцела и катастарска општина,

– доказ за регистрација доколку подносителот на барањето е правно лице, односно фотокопија од лична карта или патна исправа ако подносител на барањето е физичко лице и

– доказ за платена административна такса во висина од 1.800 денари.

 

По добивање на барањето со доказите општината доставува барање до Владата на Република Македонија за давање на согласност за склучување на договор за долготраен закуп со непосредна спогодба.

Владата на Република Македонија нема да даде согласност доколку утврди дека за давањето на градежното земјиште под долготраен закуп може да постои интерес од повеќе заинтересирани субјекти и истото може да се даде под долготраен закуп по пат на јавно наддавање.

уплатница

Барање

 

7. Кога градежното земјиште сопственост на Република Македонија наменето за изградба на објекти предвидени со проекти или програма за работа на државните органи, јавните претпријатија и другите субјекти основани од Владата на Република Македонија или Собранието на Република Македонија се дава под долготраен закуп со непосредна спогодба на државни органи, јавни претпријатија и други субјекти основани од Владата на Република Македонија или Собранието на Република Македонија, кон барањето се поднесуваат следниве докази:
– извод од урбанистички план или урбанистичка планска документација со дефинирана градежна парцела,

– геодетски елаборат за нумерички податоци со список на податоци за формирање на градежна парцела,

– имотен лист за градежното земјиште сопственост на Република Македонија, кој до денот на поднесување не е постар од 30 дена,

– уверение за историски преглед на извршените запишувања во Агенцијата за катастар на недвижностите за предметното земјиште сопственост на Република Македонија за периодот од кога е востановен катастар на земјиште во катастарската општина, со идентификација на катастарска парцела и катастарска општина,

– доказ за регистрација на подносителот на барањето и

– доказ за платена административна такса во висина од 1.500 денари.

По добивање на барањето општината доставува барање до Владата на Република Македонија за давање на согласност за склучување на договор за долготраен закуп со непосредна спогодба.

уплатница

Барање

 

8. Градежното земјиште сопственост на Република Македонија може да се даде под краткотраен закуп со непосредна спогодба, по поднесено барање до надлежната општина и тоа на сопствениците на угостителски објект пред кои е предвидено плажа, како и на правни и физички лица за потребите за формирање на градилиште.

Кон барањето се поднесуваат следниве докази:

– извод од урбанистички план или урбанистичка планска документација,

– урбанистичко техничка документација за уредување на плажа, односно проект за подготвителни работи за организирање на градилиште,

– геодетски елаборат за нумерички податоци изработен врз основа на урбанистичко-техничката документација, односно проект за подготвителни работи,

– доказ за сопственост на угостителскиот објект пред плажа, односно извод од урбанистичка планска документација за објектот за кој се врши организација на градилиште,

– имотен лист за градежното земјиште сопственост на Република Македонија, кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена,

– уверение за историски преглед на извршените запишувања во Агенцијата за катастар на недвижностите за предметното градежно земјиште сопственост на Република Македонија за периодот од кога е востановен катастар на земјиште во катастарската општина, со идентификација на катастарска парцела и катастарска општина и

– доказ за платена административна такса во висина од 1.200 денари.

уплатница