ПО 40 ГОДИНИ, НОВИ САНИТАРНИ ЈАЗЛИ ВО ОУ „ЕЛПИДА КАРАМАНДИ“

ПО 40 ГОДИНИ, НОВИ САНИТАРНИ ЈАЗЛИ ВО ОУ „ЕЛПИДА КАРАМАНДИ“

Во ОУ „Елпида Караманди“ се изведува комплетна реконструкција на санитарните јазли и целосно реновирање на тоалетите. Овој проблем беше еден од најгорливите за училиштето, во кое што настава посетуваат над 750 ученици.

Градоначалничката на Општина Битола м-р Наташа Петровска, при увидот во градежните работи на тоалетите, кои се прават по 40 години, посочи дека општината за овој зафат издвои околу 2 милиони денари или над 31.500 евра. Основна нејзина заложба како градоначалник и натаму останува да се овозможат високи хигиенски стандарди за секое дете во секоја образовна институција.

Директорката на училиштето Татјана Дамчевска истакна дека состојбата со тоалетите и санитарните јазли во училиштето била многу лоша, а во овој дел немало никва интервенција од изградбата на училиштето.

Санацијата на шесте вертикални санитарни чворови, ќе им овозможи на учениците, по враќањето во школските клупи, да имаат повисоки хигиенски стандарди, адекванти на потребите на ваков вид образовна институција.

Општина Битола во изминатиот периот санираше голем дел од тоалетите и санитарните чворови не само во училиштата, туку и во објектите под надлежност на локалната самоуправа, во рамките на проектот „Соодветни хигиенски услови за здрави генерации“.